Потврдено со повеќедецениско истражување:Овие јатки се најважната храна за забавување на стареењето, ги штити срцето и мозокот

    80
    Фото:пекселс

    Една студија која опфаќа децениски истражувања известува дека луѓето кои редовно јадат јаткасти плодови имаат поголема веројатност да бидат физички активни, да се хранат здраво и да имаат помал ризик од срцеви заболувања како што стареат.

    Научниците од Факултетот за јавно здравје на Универзитетот во Минесота веруваат дека тоа е поради хранливите состојки во јаткастите плодови и нивното влијание врз целокупното здравје. Тие следеле 3.023 луѓе (мажи и жени) 20 години и го споредувале нивното здравје со нивната исхрана.

    Оревите се единствениот растителен извор на омега-3 алфа-линоленска киселина, за која е докажано дека го поддржува здравјето на срцето и мозокот, како и здравите процеси на стареење. Само една порција ореви (приближно една шака) има импресивна низа на хранливи материи кои благотворно делуваат на општото здравје, пренесува sphumn.edu

    Оревите содржат четири грама протеини, два грама влакна и магнезиум (45 милиграми). Оревите исто така обезбедуваат бројни антиоксиданси, вклучувајќи ги и полифенолите.

    „Се чини дека оние што јадат јаткасти плодови имаат уникатен телесен фенотип што носи со себе и други позитивни здравствени ефекти, како што е подобар квалитет на исхраната, особено ако јаделе јаткасти плодови од раното детство до средината на зрелоста“, вели професорот по епидемиологија и здравје на Факултетот на Школата за јавно здравје при Универзитетот во Минесота, д-р Лин М. Стефен.

    Јадењето ореви е исто така поврзано со губење на тежината – оние кои јаделе ореви покажале значително помала концентрација на гликоза во крвта од оние кои не ги јаделе.