По 7.000 денари на 70 баратели со новороденчиња

86

Во ООУ „Киро Глигоров“, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ги подели решенијата за парична помош во висина од 7.000 денари на 70 баратели со новороденчиња од Центар.

Средствата се доделуваат редовно, во рамките на проектот на општината за првична помош и поддршка на родителите кои се жители на Општина Центар, а од минатата година Општината потпиша меморандум за соработка со општествено одговорни компании и здруженија кои на овие семејства им донираат пакети со производи и услуги.