Повеќе од 250 уметници, музичари, продуценти, критичари и новинари учествуваа во изборот на најдобрите песни

За прв пат по 17 години, музичкиот магазин Rolling Stone ја освежи својата листа со Топ 500 најдобри песни на сите времиња.

Оригиналната листа беше објавена во 2004 година, и оттогаш музиката се промени – се појавија нови уметници и жанрови.

Во изборот на најдобрите песни учествуваа повеќе од 250 уметници, музичари, продуценти, критичари и новинари, а на листата се појавија дури 254 нови песни.

Песната на Арета Френклин „Respect“ од 1967 година беше избрана за најдобра песна на сите времиња. Песната првично ја испеа Отис Рединг, но ја доживеа најголемата популарност во изведбата токму на Арета Френклин.

Титулата за најдобра песна досега ја имаше песната на Боб Дилан „Like A Rolling Stone“.

Погледнете ја комплетната листа ОВДЕ.