Џастин Бибер и Ед Ширан со заедничка песна

74

“I Don’t Care” е насловот на заедничката песна на двајцата популарни пејачи Ед Ширан и Џастин Бибер. Со оваа песна по речиси две години, Ед Ширан се враќа на музичката сцена. Нивната соработка ги израдува фановите кои одвај дочекаа да ја слушнат песната.

Според “Variety” продукцијата е на Макс Мартин, “Shellback” и “FRED”.

Во случајов се работи за ритмична поп песна во која гласовите на овие двајца познати пејачи совршено се преклопуваат и спојуваат во траење од нешто повеќе од три минути.

Песната зборува за комфорот кој луѓето го чувствуваат кога се во долга врска. Ова им е познато и на двајцата, бидејќи и Ширан и Бибер можат да се пофалат со своите квалитетни и долги љубовни врски.

Како и да е, ова не е нивна прва соработка, тие соработуваа и на синглот на Џастин “Love Yourself” пред четири години, па оттаму и нивната нова соработка не е изненадување.