По разорната вулканска ерупција Тонга ја погоди земјотрес од 6,2 по Рихтер

73

Островот Тонга е погодена од земјотрес со јачина од 6,2 степени, само неколку недели по разорната вулканска ерупција и цунами.

Земјотресот се случил денеска околу 19.40 часот по локално време, на 130 милји западно од островот Лифук, соопшти Геолошкиот институт на САД, пренесува Дејли мејл.

Лифука е дел од низинскиот синџир на островот Хаапаи, кој беше силно погоден од ерупцијата Хунга-Тонга, а на неколку острови сите згради беа уништени во последователно цунами.

Засега нема информации за еветуални штети од земјотресот, а комуникациите во регионот се уште се сериозно нарушени откако ерупцијата го пресече подводниот интернет кабел, кој се уште се санира.