По денешната критика од Зеленски, градоначалникот на Киев му одговори:Несогласувањата се бесмислени

340
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, возврати на критиките на украинскиот претседател Володимир Зеленски за мерките што треба да им помогнат на граѓаните да ги издржат прекините на електричната енергија, наведувајќи дека несогласувањата се „бесмислени“ по рускиот напад.

Кличко рече дека 430 центри за „затоплување“ им помагаат на граѓаните да се справат со ефектите од руските напади врз трафостаниците, а се планира да се постават уште 100 центри во случај на екстремни временски услови, објави Ројтерс.

Зеленски неодамна изјави дека има многу поплаки за донесените мерки во главниот град.

„Нема да се впуштам во политички пресметки, особено не во сегашната ситуација. Бесмислено е. Морам да направам работи за Киев“, рече Кличко на Телеграм.