По втор пат Амал му постави ултиматум на Клуни или следува развод

1103

Еден од најинтригантните бракови во Холивуд е оној на 59-годишниот актер  Џорџ Клуни и 42-годишната адвокатка за човекови права Амал. Парот, кој ги доби тригодишните близнаци Ема и Александар во шестгодишен брак, се обидува да го задржи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста. Но, во медиумите се појавуваат нови информации кои откриваат што навистина се случува зад затворени врати во домот на семејството Клуни. Така, последниве, според National Enquirer, велат дека адвокатката му далa ултиматум на актерот дека, ако тој не се придржува до тоа, може да ги чини брак.

Амал е во страв бидејќи се плаши нејзиниот сопруг, следниот пат кога ќе седне на мотор, да не го загуби животот. Како што беше познато претходно, 59-годишникот имаше сообраќајна несреќа пред две години додека возеше мотор на Сардинија. Во интервју за GQ, актерот тогаш откри дека во тој момент помислил дека тоа ќе му стави крај на животот, а ужасното искуство оставило последици врз него долго време.

Амал  поради тоа решила да му забрани на актерот повеќе да не вози мотори, а доколку не се придржува до нејзиниот ултиматум, бракот може да го чини сè. Патем, ова не е првиот ултиматум што Амал му го даде на актерот. Пред неколку недели на адвокатката воопшто не и се допаѓал новиот имиџ на нејзиниот славен сопруг, па таа се заканила дека ќе го остави доколку не ја избричи сивата брада, што стана негов препознатлив знак во последните месеци.