Почнува учебната година, родителите бараат наставници за по дома!

Со еден месец задоцнување поради пандемијата со коронавирусот, денеска почнува  учебната година со многу непознаници и отворени прашања пред учениците, наставниците и родителите. Проблем е националната платформа за онлајн учење која од денеска треба да ја користат 260 илјади ученици и околу 25 илјади наставници од основните и средните училишта во земјава, а која не го помина успешно тест-периодот. Имено, на единствената национална платформа www.schools.mk, во изминатите денови беше невозможно да се вклучат поради проблеми со логирањето. И додека МОН и вчера работеше на отстранување на евентуалните недостатоци на платформата, на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат огласи за работа на наставници кои ќе им помагаат на учениците кои ќе ја следат наставата онлајн.

123

Со еден месец задоцнување поради пандемијата со коронавирусот, утре почнува учебната година со многу непознаници и отворени прашања пред учениците, наставниците и родителите. Проблем е националната платформа за онлајн учење која од денеска треба да ја користат 260 илјади ученици и околу 25 илјади наставници од основните и средните училишта во земјава, а која не го помина успешно тест-периодот. Имено, на единствената национална платформа www.schools.mk, во изминатите денови беше невозможно да се вклучат поради проблеми со логирањето. Наставниците, учениците и родителите веќе неколку дена се револтирани што не успеале да се логираат, а од ресорното министерство смируваа и повикаа на трпеливост и мотивираност за успешно да се реализира овој проект.

-Во други држави вакви платформи се воведуваат во текот на една година, ние тоа го правиме за краток период, јасно е дека ќе има грешки, недостатоци. Со текот на времето ќе се коригираат и очекуваме како поминуваат деновите побрзо да се детектираат недостатоците и истите да се коригираат за да можат децата непречено да ја следат онлајн наставата, изјави пред два дена директорката на училиштето „11 Октомври“ Даница Блажеска. Таа потенцира дека платформата е нешто што ќе даде голем придонес во наставата и по завршување на пандемијата – таа нема да исчезне, ќе постои и ќе се користи и со неа ќе се овозможи помодерно образование за идните генерации.

Мн: Кој има ќе плати, кој нема – нема ни смартфон

И додека МОН и денеска работеше на отстранување на евентуалните недостатоци на платформата, на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат огласи за работа на наставници кои ќе им помагаат на учениците кои ќе ја следат наставата онлајн.

-Имајќи предвид дека нема да имам ни време ниту пак знаење да му помогнам на мојот шестоодделенец, а второто полугодие го завршивме како што го завршивме, видовме дека немаше некој успех, одлучивме да побараме стручна помош. Ние имаме можност да платиме, но се прашувам што е со оние родители кои немаат ниту компјутерска опрема по дома, вели нашата соговорничка.

Министерката за образование Мила Царовска потенцираше дека не се потребни никакви посебни перформанси на компјутерите и оти таа работи и на најслабиот компјутер.

– Оваа платформа ја градиме денес за да ни трае во наредните 20, 50 години. Таа треба да се надградува, да расте и ќе има многу предизвици, но јас сум сигурна дека ќе ја поминеме годината ако сите веруваме дека децата треба да имаат стимулирање и да имаат информации кои тековно ќе ги добиваат секој ден, рече Царовска, која повика на трпение и кај наставниците и кај родителите и кај децата.

Мн: ТВ-часови за учениците без компјутер

За учениците кои немаат ИТ-уред за следење настава од дома, а чија бројка, како што неодамна посочи Царовска е околу 40 илјади деца, од 1 октомври на програмата на националниот сервис ќе се прикажуваат 15-минутни видеа од часовите, согласно со распоредот на училиштата. Видеата ќе се прикажуваат на МРТ5 и МРТ6 и на каналите на јазиците на етничките заедници.

Учениците од прво до трето, пак ќе одат физички на училиште, а од наставните активности има можност да се одвиваат во училишниот двор.

Министерката за образование и наука Мила Царовска информира дека околу 800 училишта поднеле барање за одвивање на наставата со физичко присуство, од кои одобрение се дадени за 554.

– Како министерка за образование не би земала за право да ги коментирам здравствените одлуки. Како што почитувавме инструкции од Комисијата за заразни болести девет месеци и тие покажаа дека знаат да ја водат државата и да ја насочуваат целата ситуација во насока да немаме колапс во ниту еден систем. Ако има над 50 деца во еден објект, има проблем да донесат позитивна одлука. Зошто? Ризикот е за многу пати зголемен. Затоа одлучивме да одиме безбедно. Имаме училишта кои имаат 3, 7 или 12 деца во училница, но вкупно се 50 и тие добија дозвола. Но, имаме училишта каде што имаме седум деца, но има 20 паралелки и таму имаме 70 во еден објект, па таму не дозволија. Мислам дека сите треба да го гледаме својот дел. Сите треба да се грижиме да го организираме нашиот дом најдобро што можеме. И ако здравствените работници речат немојте. Зошто? Не ни кажуваат така за да ги остават затворени училиштата или дискриминираат, туку затоа што очекуваат и веруваат дека таму може да се создаде дополнителен ризик кој ќе го загрози не само здравјето на учениците, наставниците, туку и здравјето на целото население. Јас ги почитувам и стојам на одлуките што тие ги препорачуваат и одиме безбедно, посочи Царовска.

МН: Да им овозможиме на децата да бидат стимулирани

Во врска со најавата на Советот на родители на Општина Кичево за бојкот на онлајн наставата, Царовска ги повика сите родители, градоначалници и директори на училиштата да седнат и заеднички да ги надминуваат прашањата. Бојкотот на наставата, рече таа, не носи ништо добро за идните генерации во оваа општина.

– Децата сакаат да бидат стимулирани, дали со физичко присуство, дали кратко ќе се приклучат на онлајн платформата, дали ќе добијат материјал. Дајте да им овозможиме на децата да бидат стимулирани. Ако не добиле позитивен одговор за физичко присуство, не е дека некој не сакал, туку заради тоа што здравствената и епидемиолошка состојба е ризична во тој момент или заради тоа што има многу деца во мал простор. Да почнат една недела и да имаме заразени? После тоа да нема место во болниците? Тоа не е решение. Да одиме безбедно, чекор по чекор, рече таа.

МН: Средношколците ќе ја бојкотираат наставата ако за еден месец не почне да се применува комбиниран модел

Од Сојузот на средношколци соопштија дека Владата не го прифатила нивното најважно барање, учебната година да започне со комбиниран модел на настава, истакнувајќи дека месецов ќе ја следат состојбата со епидемијата и ако е стабилна ќе бараат тој модел да се примени од ноември, а доколку не се исполни нивното барање, средношколците ќе ја бојкотираат наставата.

–Доколку епидемиолошката состојба во текот на месец октомври е стабилна, тогаш учениците треба постепено да се враќаат во училиштата со комбиниран модел, во случај тоа да не се случи, секој ученик ќе ја бојкотира онлајн наставата во ноември. Ова не треба да се сфати како компромис, туку како ултиматум од еден месец до министерката Царовска и министерот Филипче, потенцираа од Сојузот на средношколци.

Средношколците сметаат дека затворањето на училиштата ги продлабочува нееднаквостите бидејќи околу 40.000 ученици немаат потребни финансиски средства за учество во процесот за учење на далечина.

Тие ги пофалија чекорите на образовните власти кон подобрување на онлајн наставата преку создавање на националната платформа за учење на далечина, односно од дома, но констатираа дека, доколку на првиот ден од учебната година, платформата не е функционална, некој треба да преземе одговорност за тоа.