Почнува карневалот во Рио, илјадници Бразилци ќе тануваат во ритамот на самбата

121
Фото:EPA-EFE/Andre Coelho

Блескајќи во раскошни костими, илјадници Бразилци ќе танцуваат во ритамот на страсната самба во недела навечер додека Рио де Жанеиро влегува во својот познат  натпревар на карневалски поворки.

Со шарени паради, громогласни тапани и мноштво изведувачи, украсени со светки и пердуви, 12 училишта за самба ќе се натпреваруваат за титулата шампиони на карневалот.

Околу 70.000 гледачи ќе ги бодрат од преполните трибини на стадионот Самбадром, додека милиони гледачи се очекува да го следат карневалот во живо на телевизија.

Но, карневалот е повеќе од целовечерна забава.

Училиштата за самба се вкоренети во сиромашните фавели, секоја парада раскажува приказна која често е коментар на политички, општествени и историски настани.

Парадите беа особено политички за време на мандатот на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро, кој се соочи со обвинувања за авторитаризам, расизам, уништување на животната средина и катастрофално справување со Ковид-19. Сето ова беше инспирација за училиштата за самба за време на неговиот мандат (2019-2022).

Оваа година, карневалот е на својот врв бидејќи Болсонаро, кој не е љубител на фестивалот, се соочува со полициска истрага за тоа дали тој и неговите сојузници планирале „државен удар“ што ќе го задржи на власт и покрај поразот на изборите во 2022 година.

Целокупниот тон на карневалот беше помалку политички откако левичарот Луис Игнасио Лула да Силва се врати на претседателската улога во 2023 година.

Самбата е измислена пред еден век од потомците на африканските робови, а таа е еден од најважните симболи на бразилската популарна култура, но и на Рио.

Бидејќи некои области на Рио страдаат од уличен криминал, градот распореди илјадници полицајци за време на карневалот, особено околу стадионот Самбадром.