Почнува исплатата на помош за новороденчиња во Аеродром

    22

    Неделава почнува исплатата на финансиската помош за новороденчиња во Општина Аеродром.

    Со оваа мерка, 53 семејства во Општина Аеродром ќе добијат по осум илјади денари парична помош за новороденче.

    – Општина Аеродром преку доделување еднократна парична помош за сите новороденчиња родени на нејзината територија дава свој скромен придонес во зголемувањето на наталитетот, а со цел делумно да им се олеснат трошоците на родителите што произлегуваат од таквиот среќен чин, соопшти Општината.

    Градоначалникот Тимчо Муцунски, потпишувајќи ги решенијата за финансиска помош за новороденчиња, порача дека најмладите остануваат во фокусот и Општината останува отворена за секој проект што значи подобрување на нивниот живот.