Почна чистењето на депонијата меѓу Богданци и Ѓавото

66

Општина Богданци и јавното комунално претпријатие „Комунална чистота“, со асистенција на изведувачот „Вики Компани“ од Гевгелија, почнаа со чистење на депонијата лоцирана во подножјето на ветерните електрани, на потегот меѓу Богданци и Ѓавото.

Со употреба на булдожер и багер, до сега е расчистена површина од еден хектар со кабаст, градежен и мешан комунален отпад.

– Активностите опфаќаат расчитување, порамнување и одржување на депонијата со површина од 5,6 хектари, нејзино оградување со бетонски столбови и мрежа како и правење на тампон зона од 20 метри околу неа како превенција од запалување. Целиот отпад од депонијата ќе биде затрупан во специјален ров со површина од околу 32.000 квадратни метри – потврдија од Општина Богданци.

Чистењето на депонијата Општина Богданци ќе ја чини повеќе од два милиона денари.