Почна фестивалот „Денови на комедија“ во кумановскиот Центар за култура

24

Почна годинешново издание на меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2020“, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Годинава, соопштија организаторите програмата е скратена поради пандемијата, но кумановци ќе проследат квалитетна програма.

– Прашањето беше дали воопшто да се одржи фестивалот, по добиените протоколи од Владата пред две недели, решивме да го одржиме. Претставите претходно договорени, така што очекуваме успешен фестивал со запазување на сите мерки, протоколи-изјави директорот на НУЦК Куманово, Сашо Тодоровски.

Министерство за култура го поддржа фестивалот и годинава. Националниот координатор за развој на културата, Роберт Алаѓозовски рече дека фестивалот е една од најдобрите театарски манифестации, иако со скратена програмата, фестивалот останува верен на граѓаните и публиката.

– Ми претставува задоволство што и годинава се одржува со скратена програма, согласно протоколите. Во државата постојат 120 културни институции, преку 1000 манифестации, фестивали и програми така што не е само до протоколите и пандемијата, туку е и до ставот на менаџерите на институциите и на луѓето кои ги сакаат културните програми да ги направат дури и во услови на пандемија, рече Алаѓозовски.

 

Годинава, наградата „Васил Иљоски“ за особен придонес во културата и актерската игра ја добива актерката Шенка Колозова, која рече дека ѝ е особено драго што токму во Куманово ја добива наградата, особено на фестивалот на комедијата и во градот во кој ја поминала младоста и во кој одиграла голем број претстави.

Фестивалот го отвара кабаре „Меѓуигра0-24“ со босанскиот актер Зијах Соколивиќ, во среда ќе биде прикажана претставата „Фанови“ во продукција на „УГД“ Штип, театар „Ултра“, копродукција театар Куманово со „Комедија за грабеж на банка“, во четврток штипскиот со „ЈЗУ“ „Европа“. Во петок настапува струмичкиот со „Секс, лаги и љубомора“ театарско друштво „Маскарад“ Софија со претставата „Не се клади на Англичани“ . Годинава ќе играат и театар комедија Скопје, со „Човек, ѕвер и доблест“, театар „Славија“ – Белград, Србија со „Женски разговори“ и домаќините Театар Куманово со претставата „Солдат“.

Според протоколот комедиите можат да ги следат само 100 посетители. Билетите ќе бидат достапни онлајн.