Почна Самитот на Г7 во Корнвол

83

Британскиот премиер Борис Џонсон им посака добредојде на лидерите на земјите од Г7 на почетокот на самитот во Корнвол.

Тој истакна дека ова е состанок кој бил неопходен за да се научат лекциите во врска со пандемијата на Ковид-19. Британскиот премиер порача на почетокот на самитот дека економиите мора да закрепнат по здравствената криза.

– Нашите економии имаат потенцијал за силно закрепнување, истакна Џонсон во своето обраќање пред лидерите на Групата седум најразвиени индустриски земји во светот.