Почна првата фаза од реконструкцијата на ул. „Даме Груев“

32

Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје ја започнаа првата фаза за реконструкција на коловозот на улицата „Даме Груев“.

При тоа, како што информираат од претпријатието машински се гребе оштетениот асфалт, на потегот од раскрсница со улива „Македонија“ до улицата „11 Октомври“ и поради изведба на градежните активности десната страна на коловозот е затворена за сообраќај и обележана со соодветна сигнализација.

На левата страна од коловозната површина сообраќајот се одвива во нормален тек. Времениот сообраќаен ќе важи до завршување  на градежните активности.