Почна откупот на дебарските јагниња

30

Во Дебар денеска почна откупот на јагнињата. Изнесувањето од градот кој е под карантин, е преку штафетен утовар и истовар.

Според Скендер Аме, претседател на здружението на одгледувачи на овци „Даши“ кое ги опфаќа сточарите од Дебар и Центар Жупа, откуп вршеле две фирми, една од Скопје и една од Кавадарци.

-Денеска, на првиот ден од откупот, фирмите „Серта“ од Кавадарци презема над 1.500 јагниња, додека фирмата „Стокопромет“ од Скопоје преку 300. Очекуваме деновиве откупот на продолжи. Откупната цена по килограм жива мера изнесува 120 денари, што е за 20-25 денари помала споредено со лани, изјави Аме за МИА.

Додаде и дека поради фактот што сточарте одлучиле да остават за приплод поголем број од јагнињата, за откуп имало околу 10.000 грла од двете општини. За откуп остануваат уште околу 8.000 јагниња.

-Јагнињата од нашиот регион поради квалитетното месо ќе бидат испорачани на италијанскиот пазар, рече Аме и искажа голема благодарност до Владата и локалната власт на Дебар и Центар Жупа што овозможија откуп, а претходно го решија и проблемот со откупот на млекото.

Одлуката за откуп на дебарските јагниња ја донесе Владата на вчерашната седница.

Извор:МИА