Почна исплатата на штетата предизивкана од пожарот во „Глобал“ во Струмица

29

Денеска почна исплатата на дел од штетата на 50 правни и 20 физички лица од големиот пожар што го зафати ТЦ „Глобал“ во Струмица лани на 2 јануари. Тие ќе добијат 20 отсто од вкупно пријавената штета, односно ќе им се поделат 13 милиони денари.

Ова го соопшти денеска градоначалникот Костадин Костадинов, кој на својот фејсбук профил објави дека Општина Струмица и Владата на Република Северна Македонија не ги оставија сами и не ги заборавија сопствениците на дуќани и тезги кои беа зафатени во пожарот.

Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Струмица утврди дека вкупната штета од пожарот во Трговскиот центар „Глобал“ на сопствениците на тезги и продавници изнесува вкупно 65.609.589 или над еден милион евра. До Комисијата лани беа поднесени и прифатени вкупно 70 барања за проценка на штетата, од кои 20 беа од физички и 50 од правни лица.

Во пожарот, кој избувна ноќта на 2 јануари лани, беше опожарена една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот и третиот, а се урна и покривот.

Во измината година „Глобал“ е 95 отсто комплетно реновиран, а посебно внимание се посвети на хидрантската мрежа и безбедноста на објектот.