Почна изградбата на фекална канализација за дел од населба Илинден

202

Општина Илинден започна со реализација на капиталниот проект за изградба на фекална канализација. На терен отпочнаа градежните работи за изгрaдба на дел од фекална канализација во населба Илинден во месноста викана Плац во должина од 4.200 метри, како и изградба на препумпни уреди, односно ќе се зафати површина од 46 хектари.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој се запозна со текот и динамиката на активностите на терен, истакна дека овој дел е еден од најниските од населбата Илинден и досега воопшто не бил третиран за работа, поради својата сложеност за изведба и проблематичноста во реализација на фекалната канализација.

– За таа цел изготвиме нова комплетна техничка документација (основен проект и ревизија на истиот), која го опфаќа овој дел од населбата и која по својата изведба воопшто нема да биде едноставна и лесна, бидејќи има работа и изведба на два премини под автотпатот Скопје-Куманово, четири премини под  железничката пруга Скопје-Белград како и еден премин на главниот отворен канал кој минува низ центалниот дел на општината како и работа на подрачје со високи подземни води. Средствата за реализација на Проектот, се обезбедени од буџетот на Општина Илинден. Фекалната канализација од овој дел на населба Илинден ќе се поврзе со веќе изградениот колекторски систем за фекална канализација, кој е поставен на двете страни на главниот отворен канал   кој минува низ населените места Илинден и Марино  –  изјави градоначалникот Георгиевски.

Во изминатиот период од две години изградени се над 11 000 метри фекална канализација во повеќе населени места, а пуштени се во употреба нова пречистелна станица во населеното место Илинден и Кадино.

-Реализацијата на Проектот за изградбата на фекална канализација со пречистителни станици ќе продолжи и во наредниот период, се со цел на граѓаните да им се обезбедат квалитетни услови за живот и да ја подобрување и унапредиме на животната средина во општината – велат од локалната самоуправа.