Почна асфалтирањето на улици во осум населени места

83

Со асфалтирањето на улица во населеното место Ангелци во должина од 150 метри и ширина 3,5 метри, почна поставувањето асфалт на вкупно 14 улици во осум населени места во општина Василево.

– Во текот на оваа градежна сезона ќе бидат изградени 14 улици во вкупна должина од 1.600 метри и тоа во населените места Седларци, Ангелци, Градашорци, Василево, Пиперево, Добрашинци, Сушево и Висока Маала. Средствата се обезбедени од буџетот на Општината во вкупна вредност од околу 7 милиони денари, односно околу 120 илјади евра-информираше градоначалникот на Општина Василево, Марјан Јанев, кој присуствуваше на асфалтирањето во населеното Ангелци.

Тој додаде дека паралелно со изградбата на овие улици се врши и изградба и реконструкција на локални патишта и улици со средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и средства од Бирото за регионален развој