Аргентинските фудбалери Макси Лопез и Мауро Икарди се избегнуваа на фудбалските терени бидејќи се скараа поради фаталната Ванда Нара. Жешката Аргентинка се разведе од Макси Лопез, а голем дел од вината за тоа ја има Мауро Икарди, кој е нејзин актуелен сопруг.

Нивната војна траеше цели шест години, а деновиве крај на ова одлучи да му стави Лопез, кој му прости на Икарди што му ја украл сопругата.

-Му простив на Икарди и повеќе немам проблем со него. Целта ми е децата да ми бидат среќни. Сè друго е минато и затоа вртам нова страница во животот, порача играчот на Кротоне.

Сето ова го искоментира и неговата поранешна сопруга, која на својот инстаграм-профил напиша:

– Почитувањето е исто како парите. Можеш да се молиш за него, но подобро ти е да си го заработиш.