Почист Карпош – за почиста животна средина

16

По повод Светскиот ден на чистењето, Општина Карпош денеска од 9.00 до 11.00 часот ќе спроведе еколошка акција на нејзината територија.

– Освен редовните вработени хигиеничари, кои се грижат за чистотата на територијата на локалната самоуправа, ќе учествуваат и вработени од општинската администрација, соопштија од Општина Карпош.

Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и директорот на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ Адријан Муча, ќе присустуваат на акцијата.

Еко-акцијата ќе се одржи на вкупно девет локации на територијата на Карпош.