Почина Ханс Раусинг, милијардерот кој од „Тетра пак“ направи глобален гигант

133

Шведскиот милијардер Ханс Раусинг, кој амбалажната компанија „Тетра пак“ ја разви во глобален гигант“, почина во 93-година.

Раусинг во Шведска и во Велика Британија беше познат по својата филантропија, а богатството на семејството Раусинг кое „Форбс“ го проценува на 12 милијарди долари, го прави еден до најбогатите жители на Велика Британија.

Во последните години семејсвото Раусинг беше погодено од скандал, по што неговиот син беше осуден условно поради непријавување на смртта на сопругата.

Глобален гигант
Таткото на Раусинг, Рубен, ја оснoва во 1944 година во Шведска компанијата „Тетра пак“, подоцна преименувана во „Тетра Лавал“, компанија кој низ светот е позната по револуцијата во пакувањето и амбалажата за храна. Тетра Лавал денес продава во над 160 земји и има над 250 илјади вработени.
Ханс Раусинг ја водеше компанијата од 1950 година до 1995 гофина, кога дел му продаде на својот брат.