Почина францускиот композитор Мишел Легран

104

Францускиот композитор Мишел Легран (Michel Legrand), познат по музиката за филмовите “Шербуршки чадори” и “Девојките од Рошфор” починал вчера во 86-та година од животот.

Легран, во текот на неговата кариера, долга половина век, која му донела светска слава и три Оскара, работел со големи светски имиња, а на просторите на екс Југославија е познат по соработката со Тереза Кесовија.

Започнал да компонира филмска музика во 60-тите години со доаѓањето на Новиот бран, а соработувал со Ањес Варда, Жан-Лик Годар, но највеќе се Жак Деми авторот на “Шербуршки чадори” (1964) и “Девојките од Рошфор” (1967) со Катрин Денев.

Легран освои три Оскара за музика во филмовите “Аферата на Томас Краун” (1969), “Лето 42” (1972) и “Јентл” (1984).