Денес почина кучето Бас на својата 14-годишна возраст. Тоа е инаку куче-миленик на нашата непрежалена музичка ѕвезда Тоше Проески. Тоше беше познат како голем љубител на кучињата. Станува збор за златен ретривер со скоро бела боја на крзното. Ќе се памти и раскажувањето на тогашната девојка на Тоше, ракометарката Андријана Будимир дека Бас пејачот го донел за да не биде таа сама додека тој има настапи и турнеи. Го донел во станот во скопската населба Злокуќани, каде тогаш живееше славниот пејач.
–
По трагичната несреќа во која Тоше загинал, Бас премногу тагувал, премногу бил врзан за него. Тие првите денови по трагедијата, немо седел во дворот и одбивал храна….
Со тек на времето, се зближил со внукот на Тоше, Кристијан. Една година по смртта на Тоше, Бас победи на Меѓународна изложба на кучиња, а Славен Ристески, зетот на Проески, вети и тоа го направи освоениот пехар да биде сместен во Спомен куќата на Тоше. (Д.М.)