Почина поранешниот црногорски претседател Момир Булатовиќ

234

Поранешниот претседател на Црна Гора Момир Булатовиќ почина денеска на 63 годишна возраст.

Како што пишуваат медиумите во регионот, најверојатно Булатовиќ починал од срцев удар.

Тој беше претседател на Црна Гора од 1990 до 1998 година и претседател на Сојузната влада на СР Југославија од 1998 до 2000 година.

Во 1989 година беше избран за претседател на Претседателството на Црна Гора, а за претседател во 1990 година, на првите повеќепартиски избори. По осум години, Булатовиќ загуби на претседателските избори од својот дотогашен соработник и премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.