Почина мајката на Јелена Карлеуша: Дивна ја загуби битката со тешката болест

138
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Дивна Карлеуша, мајката на Јелена Карлеуша починала денеска на 61-годишна возраст откако ја загуби битката со долгата и тешка болест. Веста за смртта на мајка и Јелена ја дочекала во Австрија.

Таа беше позната водителка на радио програма на познатото „Радио Белград“ и новинарка, го сакаше сликарството и имала желба да студира Ликовна академија.

На 19 години се омажила за Драган Карлеуша, со кој во 1987 година ја добила ќерката Јелена.

Својата тридецениска кариера Дивна ја завршила на „Радио Белград“, а исто така работела на во „Радио 101“.