Почина легендарниот Рајко Дујмиќ, им подлегна на повредите од сообраќајката

425

Како последица од тешка сообраќајна несреќа почина Рајко Дујмиќ (65), дознава Јутарњи лист од извори блиски на семејството.

Кантавторот се здоби со опасни повреди кога минатата недела кај Стари Лаз, поради неприлагодена брзина, изгуби контрола над автомобилот и излета во амбис.