Почина легендарниот голман Драган Пантелиќ

31

Легендарниот југословенски голман Драган Пантелиќ почина денес на 69 годишна возраст како последица од коронавирус.

Пантелиќ беше хоспитализиран во болница во Ниш каде пред два дена му се влошила состојбата по што бил вклучен ба респиратор, но не успеа да с еизбори со болеста.

Во кариерата бранеше за Раднички Ниш, Бордо и Тимок. Од 1979 до 1980 година беше дел од олимписката репрезентација на Југославија, а потоа пет години бранеше за сениорската репрезентација на СФРЈ.

Пантелиќ учествуваше на Светското првенство 1982 година во Шпанија.