Почина градоначалникот на Гдањск избоден на хуманитарен собир

57

Градоначалникот на полскиот град Гдањск, Павел Адамович, кој во неделата е избоден додека стоеше на бина за време на хуманитарен собир, и кој беше во тешка здравствена состојба денеска почина, јави Јуроњуз.

Полскиот претседател Анджеј Дуда претходно изјави дека “лекарите успеале да го реанимираат срцето на тешко повредениот градоначалник Адамович и оти постои надеж, но оти неговата состојба е многу тешка#.

Според полската телевизија ТВН, 27-годишниот маж кој е осомничен за нападот од бината извикал дека невин лежел во затвор додека на власт била партијата Граѓанска платформа, чиј член претходно беше Адамович.

Адамович (53) беше градоначалник на Гдањск од 1998 година.