Почина архитектот Јован Стефановски Жан

228

Почина архитектот Јован Стефановски Жан. Роден во Скопје 1948 година, дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје (1973).

Во својот работен век се занимава со архитектонско проектирање. Реализирал повеќе објекти од општествен, трговски и угостителски карактер. Посебно внимание посветил на станбената архитектура.

Работеше во повеќе проектантски бироа и во сопствено проектантско студио „Еуроарт“ во Скопје. Се занимаваше и со публицистика. Објави преку 60 написи посветени на архитектурата. Позначајни реализации: Банката во Пробиштип (1986), Домот на занаетчиите во Старата чаршија во Скопје (1990), Деловниот дистрибутивен центар „Машинопромет“ во Скопје (1990), фабричкиот комплекс „Иноспектар“ во Скопје (1998) и повеќе индивидуални куќи во Скопје, Кратово. Тетово.

Заедно со Оливер Петровски, Жан е автор на Милениумскиот крст кој се наоѓа на врвот Крстовар на планината Водно, непосредно над градот Скопје. Изграден е во чест на две илјади години христијанство во Македонија и доаѓањето на новиот милениум.