Почина Алан Паркер режисерот на „Полноќен експрес“ и „Евита“

25

Сер Алан Вилијам Паркер, познатиот британски режисер кои стои зад филмовите „Евита“, „Багзи Малоун“, и „Полноќен експрес“, почина на 76-годишна возраст, пренесува Би-Би-Си.

Паркер има режирано голем број познати филмови, вклучувајќи ги „Bugsy Malone“ (1976), „Midnight Express“ (1978), „Fame“ (1980) „Mississippi Burning“ (1988), „Еvita“ (1996), „ Angela’s Ashes “ (1999), „The Life of David Gale “(2003).

Снимаше филмови од различни жанрови, од комедии преку драми до трилери и хорор, а особено е познат по мјузикли. Филмовите на Паркер имаат освоено 10 „Оскари“ и 19 награди БАФТА.

Тој е еден од основачите на Directors Guild of Great Britain, здружение што ги собира режисерите на сите медиуми (филм, ТВ, радио, театар), а беше и на чело на Британскиот филмски совет. Тој ја носеше и почесната титула витез од 2002 година.

Роден е во Лондон 1944 година, а кариерата ја почнал со режирање на реклами и ТВ филмови. Неговото семејство објави дека починал во Лондон по долго боледување.