Почина актерката Неда Арнериќ

187

Славната југословенска и српска актерка Неда Арнериќ почина во 67. година од животот, објавија српските медиуми. Според информациите, безживотното тело на Арнериќ го пронашол нејзиниот брат, во станот во кој живеела, а на нејзниото тело не биле забележани знаци на насилство.

Неда Арнериќ е родена во 1953 година во Књажевац и имаше богата актерска кариера и голем број улоги на филм и во театар.

Меѓу македонската публика е најпозната по главната улогата во филмот „Исправи се Делфина“ посветен на препливувањето на каналот Ла Манш од нашата маратонка Атина Бојаџи.

Неда имаше тежок период во животот по смртта на нејзиниот сопруг, а пред неколку години се обиде да си го одземе животот.