Потпретседателот на ЕБОР, Јурген Ригтеринк во понеделник и вторник во посета на земјава

30

Првиот потпретседател на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Јурген Ригтеринк во понеделник и вторник ќе престојува во посета на земјава. Предвидено се средби со државниот врв и бизнис заедницата на кои ќе се разговара за посветеноста на ЕБОР во однос на активностите во земјава.
Од ЕБОР најавуваат дека Ригтеринк ќе оствари средби со премиерот Зоран Заев, со вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, со министерот за финансии Фатмир Бесими и со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Ригтеринк ќе разговара и со претставници на локалната и меѓународната бизнис заедница и ќе учествува на Годишната конференција што ја организира Министерството за финансии насловена „Економско опоравување и раст после Ковид-19”. Ригтеринк ќе зборува на панелот посветен на јавните и приватните инвестиции и конкурентноста.
– Северна Македонија беше тешко погодена од пандемијата на Ковид-19, но одговори решително и со отпор кон кризата. Сега е време да се придвижите напред и да се врати економскиот прогрес и раст, со развој кој треба да биде зелен, инклузивен и одржлив. Ова се воедно и приоритетите на ЕБОР и подготвени сме да ја поддржиме земјата, во процесот на излегување од кризата и во градењето на подобра иднина, вели Ригтеринк.
ЕБОР досега во земјава има инвестирано над 2,1 милијарди евра во над 147 проекти. Поддршката на приватниот сектор и зелената транзиција се приоритет на Банката.