Скопје – Блаце ќе го гради „Гранит“

32

Во Владата денеска ќе се потпише Договор за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце.

Договорот ќе го потпишат директорот на ЈП за Државни патишта Зоран Китанов и генералниот директор на А.Д. „Гранит“, Зоран Милковски.

На настанот, како што соопштуваат од владината прес-служба, ќе присуствуваат и вицепремиерот за европски прашања, воедно и во улога на координатор на Владата за проектот Скопје – Блаце, Бујар Османи и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.