Потпечени лепчиња со тиквички и пршута

146

Потребно е:

  • 1 кг тиквици
  • 2 чешниња лук
  • 2-3 лажици маслиново масло
  • 1/2 лажиче рендана кора од лимон
  • 1 лажиче свежо исечкана мента
  • 1 лажиче мешан зачин
  • 1 лажица исечкан, свеж магдонос
  • црн пипер
  • 6-8 парчиња леб
  • 200 г тенко сечена пршута

Приготвување

Исечкајте ги тиквичките на коцкички, а лукот на ситни лентички. Пропржете ги тиквичките на маслиновото масло, додајте ја кората од лимонот, лукчето, црниот пипер, закините, на крајот наросете со магдонот и тргнете ги вака приготвените тиквички на страна. Во друга тава на лажица маслиново масло потпечете ги парчињата леб. Наредете од тиквичките на топлите печени лепчиња. Пред послужувањето наросете со пармезан откако претходно на секое парче леб врз тиквичките ќе ставите по едно парче пршута.