Европската ракометна федерација (ЕХФ) го потврди распоредот и локациите на кои ќе се играат натпреварите на Европскаото првенство во Германија, наредната година, по што и дефинитивно е јасно дека честа да го отворат престижниот турнир ќе ја имаат Македонија и Франција.

Избраниците на Кире Лазаров овој меч е планиран да го играат на фудбалската арена во Диселдорф, каде Германците нешто подоцна ќе играат против Швајцарија.

Натпреварот Македонија-Франција е закажан за 10. јануари од 18 часот, а капацитетот на стадионот во Диселдорф е 50.000 гледачи. Преостанатите две средби, против Германија и Швајцарија, македонската ракометна репрезентација ќе ги игра во Берлин.