Ботас дојде до јубилејна 10-та победа, радости во Ред Бул

53

Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас, ја забележа јубилејната десетта победа во Формула 1, откако го запиша првиот сезонски тирумф на Големата награда на Турција.

Ботас стартуваше од пол-позицијата поради казната на Луис Хамилтон од десет стартни места бидејќи менуваше мотор, а тоа му донесе и соло трка за конечна победа.

Хамилтон, кој стартуваше од 11. место за 15-тина кругови успеа да се пробие до 5-тата пизиција, но поради влез во боксот на девет кругови до крајот, во моменти кога беше трет, на крајот мораше да се зодоволи со петтото место.

Од друга страна, неговиот ривал за титулата, Макс Верстапен се чини ги исполни амбициите на Ред Бул со второто место на трката во Истанбул, додека победничкиот подиум го комплетираше неговиот клупски колега Серхио Перез.

Шарл Леклер му донесе четврто место на Ферари и го остави зад себе Хамилтон, додека од шестото до десеттото место се најдоа Пјер Гасли, Ландо Норис, Карлос Саинц, Ленс Строл и Естебан Окон.

Верстапен го презема водството во генералниот пласман, па сега има шест поени повеќе од Хамилтон.