Построгите правила во Ф1 ќе ги сопрат глупостите

15

Пилотот на Ферари, Финецот Кими Раиконен, верува дека построгите казни за големи инциденти во Формула 1 ќе ги сопрат пилотите да прават „глупости“. „Ледениот“ е на мислење дека правилата се премногу релативни и не носат вистински резултат.

  • Се е многу релативно и измешано, па не може да се зборува за строги мерки. Ако тие се бескомпромисни за вистинските работи, тогаш тие нема да мора да се справуваат со многу други ситници, изјави Финецот.

ФИА постојано се обидува да ја смени работата на стјуардите за да се обиде подобро да се справи со пројавата на лошо возење. Меѓу мерките се вклучување на поранешни пилоти во составот на службените лица, како што беше во 2010, или пак новиот систем од казнени поени за натпреварувачите, со кој се цели намалување на грешки.