Постариот син на Вучиќ заразен со Ковис-19, сместен на Инфективната клиника во Белград

85

Синот на српскиот претседател Александар Вучиќ, Данило Вучиќ, е заразен со коронавирус и заради клиничката слика е хоспитализиран на Инфективната клиника во Белград, јави Танјуг .

Веста ја објави самиот претседател на својот инстаграм профил „авуциц”.

„Кога се почна, мојот Данило ми кажа дека предавањето не е опција. Мојот првенец е заразен со коронавирус, а клиничката слика му е таква што е примен на Инфективната клиника”, напиша Вучиќ и додаде дека е убеден дека тој ќе ја победи болеста.

 

Извор:МИА