Поставен полупорталниот семафорски столб

115

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ го поставија полупорталниот столб на семафорите кај Соборен храм, на крстосницата помеѓу булеварот „Свети Климент Охридски“ и булеварот „Партизански одреди“.

– Столбот беше турнат од несовесен возач и сега е саниран и вратен во првобитната состојба. Екипите одговорни за одржување на светлосната сигнализација на градските сообраќајници секојдневно вршат контрола и ги санираат сите дефекти на семафорите во градот – велат од Град Скопје.