Од Општина Кисела Вода исполнија уште едно барање на граѓаните, овојпат од улиците ,,Киро Фетак” и ,,Китка”.
Имено, се работи за поставување на сообраќајни знаци за ограничување на тежината на возилата кои поминуваат по овие улици и видно ги оштетуваат истите.
Воедно, од локалната самоуправа апелираат и до надлежните институции, односно МВР и полициската станица во Драчево да вршат позачестени контроли на овие улици со почитување на регулираната сообраќајна сигнализација.