Поставена заштитна ограда за мостот на локалниот пат Кадино-Миладиновци 

37

Мостот на локалниот пат Кадино-Миладиновци доби заштитна ограда. Таа е поставена и од двете страни, со вкупна должина од 50 метри.

Како што информираат од Општина Илинден, дополнително, поставена е флуоресцентна патна сигнализација долж целиот потег, како и флуоресцентна лента по должината на мостот. 

Увид на градежните активности изврши градоначлникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека обезбедувањето на заштита на критичните точки на територија на општината, е еден од важните приоритети во работењето на локалната самоуправа, затоа и во наредниот период фокусот ќе биде на решавањето на останатите критични точки, со цел поголема безбедност на учесниците во сообраќајот.

Општина Илинден упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.