Со попуштање на здравствените мерки, на забавно музичката поп-сцена се враќа и секогаш популарниот Дарио Панковски. Тој деновиве следејќи го и својот моден имиџ секогаш со вкус, ја промовира воедно новата песна насловена како “Кој чека ќе дочека“.

И токму така. Дарио чекаше, па ја дочека поопуштената ситуација најавувајќи во наредниот период концерти, настапи и дружби со обожаватели и новинари со кои секогаш има одлични вибрации.

– Се радувам на тој еден нов почеток, кој ќе биде после оваа гадна пандемија. Многу тешко е што многу луѓе ги загубија своите животи, тоа е ненадоместливо. Но како и во секоја војна, така е и во оваа. Искрено се надевам дека сите ќе собереме сили пак да му се вратиме на животот, вели оптимистично со причина Дарио.  Д.М. фото:ФБ