Американската скијачка Микаела Шифрин потврди дека утре ќе се трка во спуст на Зимските олимписки игри во Пекинг. Таа се натпреваруваше во велеслалом и слалом во Пекинг, но тие трки не ги заврши, а на последниот тренинг во спуст беше 12-та.
- Прашајте го секој спортист кој веќе освоил медали – нашиот ум постојано размислува за тоа, секогаш има глас кој вели – има мала шанса. Но, јас не сум оптоварена со освојување медал, само сакам да го покажам најдоброто од себе, истакна Шифрин на која не и е омилена дисциплината спуст.
Шифрин е рекордерка со 47 победи во слалом во Свесткиот куп, а има и 14 триумфи во велеслалом и четири во супервелеслалом.