Како што наведува француски „Ле Паризиен“, седумкратниот шампион во Формула 1, Германецот Михаел Шумахер, моментно се наоѓа во една болница во Париз.

Германецот не е виден во јавноста од кобната несреќа во Франција која се случи пред речиси шест години. Шумахер, кој во јануари наполни 50 години, во тоа време се здоби до тешки повреди на главата и мораше да биде префрлен во вештачка кома во која бил неколку месеци. Докторите открија дека е среќа што воопшто е жив.

Михаил примал медицинска нега во семејната куќа во Швајцарија, но имформации околу негоговата здравствена ситуација речиси и немаше.

Според „ Ле Паризиен “, Шумахер во понеделникот попладне е примен во болницата „Помпида“ во југозападниот дел на Париз поради тајна операција. Тој бил донесен со платно преку главата и телото. Медиумот исто така наведува дека ќе му биде извршена трансфузија на матичните клетки, а операцијата би требало да ја направи Филип Менаш, хирург во споменатата болница. Инаку, Менаш е член на одборот на Институти за мозок и ‘рбетен мозок, кој важи за еден од најдобрите хирурзи кога се во прашање терапиите со матични клетки. Доколку се биде во ред, Шумахер денеска би требало да ја напушти болницата.

Претходно годинава, Корина, сопругата на Михаел пишуваше околу неговото лекување, но не и за ситуацијата на легендата во Ф1.

  • Сакаме да ги паметиме и славиме неговите победи и рекорди. Бидете сигурни дека Михаил се наоѓа во најдобрите можни раце и дека правиме се што е возможно за да му помогнеме. Ве замолувам, разберете ме бидејќи ја исполнуваме неговата желба да останат приватност информациите околу неговата ситуација, напиша во тоа време Корина.

Од друга страна, пријателот на Шуми од редовите на Ферари, Жан Тод, во една прилика откри детали од посетатата во домот на Германецот.

  • Секогаш сум претпазлив кога се во прашање изјавите за Шумахер, но вистина е – гледав трка во Формула 1 заедно со него, во неговиот дом во Швајцарија. Михаел се наоѓа во добри раце и внимаваат на него. Тој не се предава и продолжува да се бори. Начинот на комуникација со него не е ист како порано, изјави Тод.

Шумахер седум пати ја освои титулата во Формула 1, а последен пат тоа го направи во 2004 година. Во кариерата победи дури на 91 трка, а 155 пати се искачи на подиумот. Кариерата ја заврши во 2006, но повторно се врати во 2010 година. Возеше уште две сезони, а подоцна се пензионираше од овој спорт. Веста за неговата несреќа на скијање во  Франција, која се случи во декември 2013 година, го растажи целиот свет.