Поскапуваат бензините

    112

    Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ноќеска на полноќ поскапуваат за денар, а за половина денар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

    Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81 денар за литар, 83 денари ќе чини литар ЕУРОСУПЕР БС-98,  74 денари ќе биде новата цена на литар дизел, а 73 денари на екстра лесното.

    Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,14 проценти.

    – Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,282 проценти или за 17,950 $/тон, кај дизелот зголемувањето е во просек за 1,132 проценти или за 8,450 $/тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 1,150 проценти или за 8,350 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,152 процети или за 10,150 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 57,0828 ден/$ и е за околу 0,146 проценти повисок од курсот на доларот (56,9996 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка, наведува РКЕ во одлуката.