Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

116

Во Скопје утре ќе се одржи „Социо-еколошки форум Скопје 2021“. Од тие причини Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.