Посвојување за паметење: Момче од Мичиген ги покани другарчињата од градинка на официјализирањето на чинот

133

Петгодишно момче од Мичиен се појавило на суд каде што се одржувало рочиштето за освојување на неговите идни родители со необична публика. Мајкл ги поканил сите другарчиња од градика да го прослават денот кога добива семејство.

Дечињата држеле црвени срца во рацете и мавтале со нив во знак на поддршка.

Со рочиштето кое било одржано во четвртокот е завршена едногодишната процедура и борба на брачната двојка да го посвои ова момче.

Таткото на Мајкл, Дејвид Итон изјавил за Си-Ен-Ен дека најдраг дел ми бик кога судијката ги прашала сите во судницата да објаснат што значи името Мајк. Децата навеле најтрогателни одговори како „Мајкл е мојот најдобар другар„ и „Јас го сакам Мајкл“. Додал дека тоа било прв пат судот да прими цела група од градинка на некое рочиште. Идејата за ваквата прослава била на учителката Кери Меки, која го организирала целото тоа.

Итон и неговата сопруга Андреа Мелвин одлучиле да посвојат дете пред неколку години. Го поминале ригорозниот процес на добивање одобрение, 36 часа предавања и месеци на чекање. Минатиот август добиле повик во кој им било кажано дека имаат момче на мое итно му е потребен дом. По еден час веќе било во автомобил на пат кон социјалната служба.

Им кажале дека момчето има голема енергија, дека сака спорт, зборува со сите и сака прошетки. Љубовта се родила на прв поглед. Брачната двојка изјавила дека е пресреќна што можат конечно да го носат Мајкл дома и легално-правно да го нарекуваат свој син.