Португалскиот Парламент поддржи легализација на евтаназијата

11

Португалскиот Парламент денеска изгласа легализација на евтаназијата, со што се овозможува Португалија да стане седмата земја во светот која го поддржува тоа.

Луѓе повозрасни од 18 години ќе имаат право да побараат помош на крајот од животот доколку се во терминална фаза на болеста или страдаат од „трајна и неподнослива“ болка, освен ако не се сметаат за психички неспособни да донесат таква одлука.

Постапката за евтаназија ќе им биде достапна само на португалските граѓани и оние со легален престој, со цел да се спречи други луѓе да патуваат во Португалија за да добијат медицинска помош и да му стават крај на својот живот.

Законот сега е во рацете на конзервативниот претседател Марсел Ребел де Соуса кој треба конечно да го одобри. Тој претходно рече дека ќе го почитува резултатот од гласањето во Парламентот.

Извор:МИА