Портокаловите маички го исчистија Скопје

18

Секое книвче, отпушок од цигара беа подигнати од плоштадот “Македонија”, Камениот мост и другите јавни површини од страна на вработените во администрацијата на ЈП”Комунална хигиена”. Граѓаните беа пријатно изненадени и ја пофалија акцијата во која луѓето облечени во портокалови маички и со црни вреќи во рацете го собираат фрлениот отпад од некои несовесни скопјани

Центарот на Скопје денеска напладне блескаше од чистота. Секое книвче, отпушок од цигара беа подигнати од плоштадот “Македонија#, Камениот мост и другите јавни површини од страна на вработените во администрацијата на ЈП”Комунална хигиена”. Граѓаните беа пријатно изненадени и ја пофалија акцијата во која луѓето облечени во портокалови маички и со црни вреќи во рацете го собираат фрлениот отпад од некои несовесни скопјани.

Станува збор за организирана акција за чистење на централното градско подрачје, а по повод Светскиот ден на глобалното чистење – 15 септември. На вработените на “Комунална хигиена” им се придружија административците на ЈП „Паркови и зеленило“,”Водовод” и ЈСП, учениците од СУГС “Јосип Броз”, ОУ “Димо Хаџи Димов” и ОУ “Панајот Гиновски“, извидниците од извидничкиот одред „Методија Митевски Брицо“ и голем број на граѓани.

– Акцијата ја организираме под мотото “Одговорноста е наша, заедно за почисто Скопје”. Денес сите сме во улога на нашите колеги кои што еднаш во текот на денот вршат празнење на садовите за отпад, ги метат и ги мијат скопските улици и јавните површини. Но, по завршувањето на нивните активности, хигиената на улиците, на зелените површини и околу контејнерите зависи само од постапките на граѓаните на Скопје, од нивниот однос кон отпадот и нивните навики. Одговорноста е заедничка, сите заедно да придонесеме да живееме во почист, поубав град и здрава животна околина – изјави директорот на ЈП “Комунална хигиена”, Абдусамед Шабани.

Зборното место беше пред хотелот “Стоун бриџ” од каде што тргнаа двете колони за чистење. Едната тргна преку Камен мост кон плоштадот “Македонија”, а втората го чистеше просторот кон Старата скопска чаршија.

Директорот Шабани упати апел до скопјани да го одлагаат комуналиот отпад само во кантите и контејнерите, а кабастиот во центрите за селекција за да не создаваат диви депонии и да се помогне во одржувањето на хигиената на Скопје и во заштитата на животната средина.

(С.Бл.)