Порошенко: Путин веќе 22 години е луд манијак

96

Поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко во прилично остра изјава за N1,  зборува за последните руски напади на Киев како резулта на кои поголем дел од украинската престолнина е без струја.

И другите делови од Украина се најдоа под ракетни напади, но поранешниопт укриански претседател порача дека неговите сонародници се несломливи

„Украина е осум години под руски напади, плаќа висока цена за да се врати под кровот на европското семејство. Денеска е 250.ден од руската инвазија и утрово цела Украина ја разбуди звукот на 50 ракети и прокетили кои ја погодија критичната инфраструктира и цивилни објекти“ – изјави Порошенко.

Тој истакна дека иако дури 60 отсто од Киев е без струја , а поголем дел од градот и без вода, Украинците нема да попуштат пред  уцените од рускиот претседател Владимир Путин.

„Кога Путин ја уценува Европа и светот, ние не се плашиме од уцените.Уценува со цените на храната, го блокира дотокот на гас и на нафта во Европа, се заканува со нуклеарно оружје, ја напаѓа нуклеарката во Запорожје…Ве потсетувам како Путин го покрена својот мандат во 2000 година. Нападна цивилна зграда, уби стотици Руси, само затоа што сакаше да го подигне својот рејтинг. Ова демонстрација на тоа дека Путин веќе 22 години е луд манијак“ – изјави поранешниот украински претседател.